gogo

A+ R A-


Силекс поразен од Вардар во првото коло на Б-лигата

altДенеска започнаа натпреварите од првата сезона во Првата македонска фудбалска лига “Б екипи“, на стадионот во Ѓорче Петров, „Б“ екипата на Вардар во првото коло на ПМФЛ за „Б“ екипи го совлада тимот на Силекс со резултат од 2:0. Стрелци на головите за Вардар беа Димитар Иванов во 4-та минута и Васко Распашковски во 57-та минута.

Вардар во текот на целиот натпревар доминираше на теренот, ја имаше иницијативата и делуваше опасно по голот на екипата на Силекс. Оваа лига која се оддржува за прв пат во историјата на Македонија, се состои од 6 екипи кои учествуваат во првата Македонска фудбалска лига и е добра можност за играчите кои не се стандардни првотимци да бидат во натпреварувачки ритам и можност за тренерите на екипите да експериментираат на тактички план во пресрет на прволигашките натпревари.

1. коло, резултати:
Вардар-Силекс 2:0
Металург-Шкендија 1:1
Работнички-Пелистер 1:0

Наредно, 2. коло, двојки:
30.10.2014 год. (15:30 ч.)
Силекс-Пелистер
Шкендија-Работнички
Вардар-Металург

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.