gogo

A+ R A-


Силекс ремизираше со Тетекс, па загуби од Шкупи

altФудбалерите на Силекс за два дена одиграа два контролни меча пред почетокот на прволигашкото првенство. Притоа, остварија едно реми и еден пораз. Најпрвин во вторник одиграа нерешено (2-2) со новиот прволигаш Тетекс на неутрален терен во Скопје. На овој меч Силекс настапи во најсилниот состав, а стрелци беа Крсте Тодоров и Александар Пановски. Силекс двапати водеше, вториот дел го одигра со играч повеќе, но не успеа да стигне до триумф.
Веќе следниот ден резервниот состав на Силекс одигра контролка на скопски Чаир, каде беа поразени со 2-3 од составот на Шкупи. Стрелци за кратовскиот тим беа Јаков и Ѓорѓиев.
Веќе в сабота Силекс го очекува генералната проба пред стартот на првенството, и тоа против Брегалница во Штип. Мечот започнува во 17 часот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.