gogo

A+ R A-


Силекс - Шкендија 0-2 (ВИДЕО)

Гол...

0-1 76Одлична акција на Жуниор, кој во празно го проигра Абдула, а овој прецизно асистираше до слободниот Вручина, кому не му беше тешко од неколку метра да го совлада Ников.

0-2 85Кировски доби употреблива топка на работ од шеснаесетникот, се ослободи од своите чувари и од десеттина метри ниско по земја стрелаше победа на својот тим.

Зоран Штерјовски

Пробавме со нешто позатворена игра да стигнеме барем до бод, но не успеавме во финишот на средбата да останеме до крај концентрирани. Имавме свои шанси и можевме резултатски да поминеме далеку подобро, но, ете, не успеавме. Обезбедениот опстанок влијае делумно врз мотивацијата кај моите играчи, но се надеваме на бодови на следните мечеви.
Јетон Беќири

Игравме против еден квалитетен противник кој немаше никаков психолошки товар, за разлика од нашиот тим, кој играше со императив да победи. На крајот успеавме да стигнеме до посакуваниот триумф, иако морам да признам дека и кратовци имаа свои прилки, кои не ги искористија. Жешкото време влијаеше на динамиката на играта, која веројатно ќе беше далеку подобра да се играше во поподносливи услови.

alt

 

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.