gogo

A+ R A-


Силекс - Скопје 1-0, триумф со бразилски шмек (ВИДЕО)

altГол...
1-0 10 мин. Тони Жуниор де Оливеира се проби во шеснаесетникот на гостите, го проигра Милош Ѓорѓевиќ кој одигра повратна до него, а потоа следуваше прецизен удар под пречката. Погодок во режија на новите засилувања, кои уште на првиот официјален меч почнаа да ги враќаат парите вложени во нив.

Жикица Тасевски  Честитки до моите играчи за освоените бодови. Ова беше прв меч, па малку одигравме во грч затоа што многу ни беше важно да ги освоиме сите три бода. Скопје се покажа како цврст противник, кој не дозволи лесно да стигнеме до бодовите. Триумфот можевме да го осигураме и порано, но не реализиравме неколку шанси во второто полувреме, резимираше тренерот на Силекс.
Мите Митев  Типичен првенствен натпревар, во кој ние како млада екипа и дебитанти во лигата, дозволивме со една кардинална грешка во одбраната да примиме евтин гол и да го загубиме мечот. Домаќините се покажаа во добро светло, но и ние покажавме позитивни работи. Сепак, ќе мораме уште да работиме во сите три линии, каде покажавме дека имаме слабости. Особено во контранапдите мораме да играме поживо, денес недостигаше тоа во нашиот тим, истакна стратегот на Скопје.

alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.