gogo

A+ R A-


Статистика за Гинис, голманот Никола Вујанац одбрани 7 од последните 8 пенали

altМожеби не е ранг на Де Хеа, Облак или Тер Штеген, но дефинитивно има подобри статистички показатели од нив што се однесува до одбранети пенали на првенствени мечеви. Поранешниот голман на Силекс, а сегашен на Академија Пандев, Никола Вујанац, има неверојатен, дури застрашувачки процент на одбрани на ударите од единаесет метри. Србинот од Краљево ја спушти ролетната на својот гол и одбрани седум од последните осум удари од белата точка, или близу 80% успешност, што веројатно ниту еден голман во светот го нема како статистичка бројка зад себе.
-Иако пеналите важат за лотарија, сепак сметам дека и голманската подготовка игра голема улога при одбраната на пенали. По секој тренинг дополнително останувам со колегите да поработам на одбрана на пеналите, плус пред секој меч анализирам каде најчесто шутираат „пеналџиите“ од противничката екипа. И тоа во мојот случај дава одлични резултати. Последните два пенала во дресот на Силекс ги одбранив, а еве и во дресот на Академија Пандев одбранив пет од шесте пенали. Од сите одбранети пенали, најмногу му се израдував на оној последниот во Тетово, на бомбардерот Бесарт Ибраими - изјави за порталот „Аберџија“ специјалистот за пенали Никола Вујанац.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.