gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


Судијата Јакимовски го зацрни Силекс, досуди пенал што не се суди ни во шеста лига

altМомчило Митевски можеше да има старт од соништата на клупата на Силекс, доколку судијата Дејан Јакимовски не досудеше пенал во 86-тата минута за домаќинот Беласица, смешен пенал што не се суди ни во шеста лига, а камоли во елитата. Силекс поведе на почетокот од вториот дел со голот на Боби Георгиев, и кога се очекуваше мечот да го приведе во мирна завршница, на сцена стапи судијата Дејан Јакимовски. Еден старт на Димитар Иванов врз домашниот играч, со минимален контакт и тоа откако веќе топката беше уфрлена во шеснаесетникот, Јакимовски како одвај да чекаше за да покаже на белата точка. А зошто покажа, е тоа го знае само тој. На Зоран Балдовалиев тоа не му пречеше и погоди за конечни 1:1.
Гнев, револт во таборот на Силекс, кратовци со плачливи лица го напуштија теренот на стадионот „Младост"...
„Да, Јакимовски ни ја украде победата. Со децении сум во фудбалот, но вакво нешто не сум видел.Ова е најневеројатниот пенал можеби во историјата на нашата Прва Лига. СРАМОТА. Кога во 86.минута судијата Дејан Јакимовски покажа на белата точка верувајте дека се чудеа и домашните играчи, а од трибините гледачите се смееја. Но што да се прави, јас никогаш не сум коментирал судиски одлуки, секој може да погреши, но ова што се случи денеска во Струмица е просто несфатливо. Човек да се замисли дали вреди да се работи во мак –фудбалот после ова што денеска ни се случи", изјави Момчило Митевски, стратегот на Силекс.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2456
mod_vvisit_counterВчера2540
mod_vvisit_counterОваа недела12548
mod_vvisit_counterМинатата недела20513
mod_vvisit_counterОвој месец35236
mod_vvisit_counterМинатиот месец106839
mod_vvisit_counterВкупно10514642
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.