gogo

A+ R A-


Тетекс мора да падне, порачуваат Мијатовиќ и Ников

altВозбудувањата во македонскиот фудбалски шампионат продолжуваат веќе утре, со вонредното петто коло. На програмата се пет дуели, од кои четири во 17.00, а еден во 19.00 ч. Во Кратово се среќаваат Силекс и Тетекс, тимови кои лани се сретнаа двапати во второлигашката конкуренција, а сега ги чека нова пресметка во елитното друштво. На хартија, фаворитската улога ја има домаќинот, за кого обложувалниците понудија коефициент 1.70 за победа. Така мисли и српскиот интернационалец Милјан Мијатовиќ, кој е убеден во нов триумф на кратовци.
-Се наоѓаме во одлична форма, плус сметам дека имаме поквалитетен тим од тетовци. Мислам дека тие ќе дојдат да се бранат во Кратово, а ние трпеливо ќе ја чекаме нашата шанса. Ако го дадеме максимумот, сметам дека трите бода ќе бидат наши - вели Мијатовиќ.
Силекс освен што нема пораз, ја има и најдобрата одбрана со само еден гол, а на голот го има голоманот со сто раце Трајче Ников.
-Секој натпревар е посебна приказна, па така и овој со „штофарите“. Ние сме во залет, плус ја имаме најдобрата одбрана со само еден примен гол по 360 минути игра. Посакувам и утре мојата мрежа да биде зачувана, но нема да ми биде криво доколку примам гол, но победиме со 2-1. Само да продолжиме да собираме бодови и што подолго да се задржиме во горниот дел од табелата - вели неприкосновениот меѓу диреците Трајче Ников.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.