gogo

A+ R A-


Тимовски и Мавров порачуваат: Шкупи нема што да бара во Кратово

altПо (не)очекуваниот кикс против Пелистер, ако воопшто може да се каже дека реми со третопласираниот тим во лигата е кикс, утре фудбалерите на Силекс ги очекува нов предизвик. Во Кратово гостува составот на Шкупи, тим кој има гранитна одбрана и кој многу тешко се пробива. Ама, кога Силекс игра дома, фаворитската улога е нужна, а победата извесна.
-Шкупи има добра екипа која ја респектираме. Подолго време играат заедно, имаат добро воигран тим, против кој сме играле многу пати. Со сиот респект кон нив, во Кратово се знае, ние секогаш одиме на три бода. Тоа значи дека Шкупи нема што да бара во Кратово - вели Ангелче Тимовски, десниот бек на кратовци кој пружа солидни партии во дресот на Силекс.
Оптимист е и играчот за врска Митко Мавров, играч кој неуморно работи 90 минути и спаѓа во редот на играчи што најмногу претрчуваат километри на еден меч.
-Имаме лек за цврстата игра на тимот на Шкупи, знаеме како да стигнеме до трите бода. Домашните мечеви слуат за берба на бодови, па така ќе биде и утре. Со новиот тренер Тасевски го подигнавме нивото и квалитетот, па утре очекувам да демонстрираме дека она што го работиме на тренинзите дава резултат на мечевите - вели Мавров.
Мечот се игра од 13 часот, а главен судија ќе биде кумановецот Далибор Ѓорѓевски.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.