gogo

A+ R A-


Вардар ги менува голманите на Силекс, прво Ников, па Симов, дали е на ред Ангеловски?

altВардар сезонава стана баук за фудбалерите на Силекс, откако трипати сезонава ги победи, приота без да прими гол. Ако голманите на Вардар не примаат погодоци од Силекс, тогаш голманите на Силекс примаат погодоци по кои редовно доаѓа до смена на голманската позиција. Во првото пролетно коло Трајче Ников прими три „лесни“ погодоци од вардаровите напаѓачи, по што беше закован на клупата, а на неговото место се најде ветеранот Горан Симов. Само што „фати корен“, се случи ново гостување на Вардар во Кратово и ете ти доволна причина за нова голманска рокада. Симов во 55-та минута недозволено стартуваше во својот шеснаесетник, по што заработи исклучување и суспензија од најмалку еден меч.
Веќе в недела Силекс гостува во Турново, па ќе почекаме да видиме дали Штерјовски ќе го врати на голот Ников, или можеби ќе проба со трет голман, а тоа во мигов е Дамјан Ангеловски. Доколку кратовци заиграат во плеј-офот, тоа ќе значи уште една пресметка со Вардар, а можеби и четвртиот голман Филип Пановски да „закачи“ некоја минута на прволигашките мечеви.altalt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.