gogo

Oki kom baner 1

.banner-blue-bg

A+ R A-


Вардар со младинци против Силекс, обложувалниците во хаос

За ривалството меѓу Вардар и Силекс сите знаат. Триумфот во ова македонско „Ел класико“ носи посебни емоции, трите бода се злато вредни. Последниве неколку години Вардар владее во македонскиот фудбал, па не е чудо што кратовци немаат триумф на „Филип втори“ уште од далечната 2009-та година. Но, денес фудбалерите на Силекс имаат шанса што не се пропушта. Поради бојкотот на вардарци кон ФФМ поради случајот „Младинец“, црвено-црните ќе настапат со младински состав, што ја олеснува задачата на момците од Кратово.
И обложувалниците преку ноќ ги променија коефициентите на овој меч. Вчера „кецот“ беше 1.40, а двојката над 8, а веќе денес фаворитската улога се смени. За победа на кратовци квотата се движи околу 2.40, со тенденција уште да паѓа, додека „кецот“ расте и се движи околу 2.50.
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.