gogo

A+ R A-


Вардарци пресилни, Силекс го доживеа вториот пораз

Лидерот на прволигашката табела, Вардар, немаше тешка задача во денешниот меч против Силекс. „Црвено-црните“ со по еден погодок во двете полувремиња стигнаа до триумф изразен со два погодоци, 2-0. Филип Петковски  погоди во 25-тата минута, кога Хамбарѕумјан го проигра, а вардаровиот напаѓач реализираше и го постигна својот четврти сезонски погодок. До крајот на првиот дел се заканија и Деспотовски и Глишиќ, но првиот удар го одбрани Ников, а левиот бек биеше за малку покрај голот. Во вториот дел, Силекс беше нешто поактивен и подобар на противинчката половина, но без ефект.
Конечните 2-0 ги постави Хамбарѕумјан во 88-та минута. Во продолжението Ангелче Тимовски извонредно биеше од далечина, но голманот на Вардар извонредно интервенираше.

alt

фото - СПОРТМЕДИА.МК    видео - СПОРТЕФЕ

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.