gogo

A+ R A-


Во Силекс „цветаат ружи“: 19 меча без пораз, сите негативни на Ковид19, уште Селтик да им падне

пишува - Оливер Арсовски
Кратовскиот прволигаш Силекс дефинитивно ја одигра најдобрата фудбалска сезона во својата 55-годишна историја на постоење. Да потсетиме, кратовци беа шампиони, и тоа трикратни, при крајот на минатиот век, но сепак, она што сега им се случува е шлагот на тортата. Им се поклопија коцките годинава, па од тим кој требаше да се бори за гол прволигашки опстанок, кратовци догураа до настап во квалификациите на Лигата на шампионите. Во овој текст хронолошки ќе ги наредиме „коцките“ кои придонесоа на клубот од Кратово да му процветаат ружите.
1. Вардар, тимот кој сезонава доминираше во макфудбалот, поради финансиски проблеми го отстапи своето место во квалификациите на ЛШ на второпласираниот тим
2. Шкендија, во последното коло од незавршениот шампионат, на домашен терен му ги „подари“ трите бода на Работнички, а со тоа и втората позиција ја отстапи на Силекс
3. Силекс, во тоа последно коло од незавршениот шампионат, губеше на Чаир се до финишот на мечот, кога Иван Ивановски постигна погодок за бод вреден настап во ЛШ
4. Втората позиција на табелата ќе му донесе на Силекс најмалку 800.000 евра премија од УЕФА, со можност да расте бројката доколку кратовци минат барем едно коло
5. Силекс е во неверојатна серија од 19 меча без пораз, севкупно во првенството, купот и пријателските мечеви
6. Фудбалерите на Силекс, стручниот штаб и раководството се негативни на последното тестирање за Ковид 19, што е одлична вест пред жребот за ЛШ
7. Последната коцка што на кратовци им недостига во мозаикот е противник во квалификациите за ЛШ да им биде шкотскиот првак Селтик. Тоа би бил највеличествениот тим против кој кратовци играле во својата историја. Плус, Селтик би донел многу пари во клупската каса од продажба на ТВ правата. Со среќа!
alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.