gogo

A+ R A-


300 студенти по туризам го посетија Кратово (ВИДЕО)

Ако поранешно Кратово било средновековен трезор на ковачници за пари, и денешно Кратово претставува трезор, но туристички трезор. Ако оваа констатација произлегла од продеканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика во Штип, тогаш таа дополнително добива на тежина. Токму денес Кратово ја имаше таа чест да угости 120 студенти од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, идни туризмолози и стручњаци по угостителство. Утре ќе пристигнат уште 180 нивни колеги од дисперзираниот факултет во Скопје, кои ќе добијат јасна претстава за туристичките потенцијали на малото живописно градче на Истокот.
Студентите туризмолози беа воодушевени од она што го видоа во градот, ветувајќи дека ќе ја шират приказната за Кратово како привлечна туристичка дестинација.
Денес во Кратово беше отворена и продавница за сувенири. Ако досега туристите си заминуваа без можност да си купат нешто што ќе ги потсетува на Кратово, во иднина ќе можат да си купат разни уметнички изработки со мотиви од градот. Градот за кој велат дека кој еднаш бил, барем уште еднаш во животот ќе се врати да го посети.
Оливер Арсовски
снимател – Мартин Маневски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.