gogo

A+ R A-


Хотел „Силекс“ целосно букиран за дочекот на Нова година

http://ohrigani.com/wp-content/uploads/2015/08/62.jpgАтрактивниот охридски хотел „Силекс“ блеска во новогодишно руво. Хотелот е преубав и што е најважно преполн за Нова година. „Силекс“ е целосно букиран уште пред недела-две и задоволни сме што хотелот е во топ форма, задоволно тријат раце од „Силекс“. Додаваат дека новата 2016 година, во „Силекс“ ќе ја дочекаат околу 300 гости. Поголемиот дел од гостите се од Полска, Бугарија и Словенија, а дел се од земјава.  За добра новогодишната забава во „Силекс“ годинава е задолжен Влатко Миладиноски и охридската група „Селект бенд“.
Хотел „Силекс“ се наоѓа во населбата Св. Стефан, на 4 километри оддаченост од центарот на Охрид, на регионалниот пат Охрид-Св. Наум и на 10 километри од Охридскиот аеродром, Св. Апостол Павле.
„Силекс“ е хотел со 4 sвезди што се наоѓа на брегот на Охридското езеро на 720 метри надморска височина. Сместен е меѓу кристалните води на езерото и зелената борова шума каде што минува патеката која води кон манастирот Св. Стефан. Локацијата е одлична можност за збир на планинарење и езерски туризам.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.