gogo

Oki kom baner 1

.banner-blue-bg

A+ R A-


Кратово промовира „фотосафари“ во туристичката понуда (ВИДЕО)

Градот Кратово, со сите свои убавини што ги има, едноставно ги повикува фотографите од земјава и целиот свет да го овековечат. Водени од оваа идеја, викендов членовите на фотоклубот „Куманово“ беа во обиколка на Кратово, запознавајќи ги сите специфики на градот низ призмата на фото-објективот.
Нивниот домаќин Стевче Доневски им организираше возбудливо фотосафари кое започна во етнокуќа „Шанчева“, а продолжи во ковачката работилница на мајстор Сабри. Блицевите светкаа и во кројачкиот дуќан на шнајдер Лина, а фотосафарито финишираше во работилницата на тишлерот Р’са.
-Насекаде низ светот се губат занаетите и архитектурата, но тука во Кратово има „златен рудник“ на фотографија која може да инспирира и авторите да креираат – вели Владимир Јовановски, претседател на Меѓународната асоцијација на уметнички фотографи.
Денот кулминираше со отварање на меѓународната изложба на уметнички фотографии „Коритон 2017“, во која со свои фотографии учествуваа над 500 учесници од 56 земји. На фотографиите беа претставени старите кратовски занаети и препознатливи ликови од кратовската чаршија, а за најдобрите автори организаторот обезбеди награди. Оливер Арсовскиalt


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1398
mod_vvisit_counterВчера4151
mod_vvisit_counterОваа недела16920
mod_vvisit_counterМинатата недела23780
mod_vvisit_counterОвој месец74844
mod_vvisit_counterМинатиот месец163232
mod_vvisit_counterВкупно9526493
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.