gogo

A+ R A-


5.500 пензионери догодина на бесплатна бања, а 3.000 на викенд

Проектите за „Бесплатната бања за пензионерите“ и бесплатен туристички викенд се мошне успешни проекти. Пензионерите се презадоволни и поради тоа тие проекти ќе продолжат и понатаму, истакна денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

penzioneri-Бесплатната бања за пензионерите започна во 2010 година и досега околу 32.000 пензионери ја искористиле можноста за бесплатна бања. Пензионерите се презадоволни. Оваа година дополнително 2400 луѓе ќе заминат на бесплатна бања, следната година проектот ќе продолжи и нови 5500 пензионери ќе одат на бесплатна бања, рече премиерот.

Груевски потенцираше дека проектот е многу добро прифатен.

-Пензионерите испраќаат пораки дека се презадоволни и ние ќе го продолжиме овој проект кој беше дел од нашите предизборни ветувања и успешно се реализира, рече Груевски.

Досега, информира Груевски, со владините проекти над 2.100 пензионери беа на бесплатен викенд.

-Во текот на оваа година планираме дополнителни 900, а следната година нови 3000. Проектите се одвиваат одлично. Овие проекти се новина во последните години, едниот е од 2010 година , а другиот од минатата година што беше наше изборно ветување.Проектите ќе продолжат и во наредната година. Наредната година 5500 нови пензионери ќе одат на бања, а 3000 пензионери на бесплатен викенд.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.