gogo

A+ R A-


„Ало ВИП, немате мрежа“ замина во историја, ОНЕ.ВИП со нова подобрена мрежа во Кратово

По спојувањето на двете компании операторот оне.Вип кон крајот на минатата година почна со изградба на нова мобилна мрежа, што ќе се спроведува етапно, по региони. Како што информираат од компанијата, во првиот регион, кој ги вклучува Куманово, Крива Паланка и Кратово, мрежата е успешно имплементирана.

alt

По правното спојување, оне.Вип започна неколку обемни проекти чија реализација ќе донесе уште поголеми придобивки за сите групи корисници. Целта на новата мобилна мрежа е да обезбеди за сите корисници на оне.Вип, значително поголем капацитет за користење на 3Г-технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4Г ЛТЕ низ цела Македонија и сето тоа за да обезбеди најдобро корисничко искуство и да ги обезбеди најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент.

- Со спојувањето во нов ентитет, оне.Вип, создадовме компанија со поголем инвестициски капацитет и се обврзавме да ги воведеме најновите технологии во земјата, уште поквалитетни и нови иновативни услуги базирани на најмодерни мрежи и технологии. Денеска со гордост ги објавуваме првите резултати постигнати со инвестицијата што ја почнавме за изградба на нова мобилна мрежа, што е значајно подобрување во регионот на Куманово, Крива Паланка и Кратово. Процесот е комплексен и е воден паралелно со тековните дневни активности, но и нови проекти на компанијата предвидени за наредната година. Една година од сега ние ќе бидеме навистина најдобриот избор во комуникациите за нашите корисници, изјави Никола Љушев, извршен директор на оне.Вип.

Источниот дел на земјата, вклучувајќи го и Куманово е прв регион каде имплементацијата на новата мрежа е успешно спроведена. Во моментот тимовите работат на изградба на нова мрежа во Скопскиот регион и на крајот на годината ќе заврши во сите урбани делови во Македонија. Корисниците ќе почувствуваат значително подобрување со покриеност на мрежата - 3Г и 4Г ќе бидат достапни насекаде, а значителни подобрувања ќе се почувствуваат и во квалитетот на сервисите: подобра брзина, уште помалку падови во разговорите, и уште побрзо воспоставување на повиците.

Според Адријан Јежина, технички директор на оне.Вип резултатите од новата мрежа во првиот регион се видливи. Кај вип тарифните модели има за 30% зголемено користење на 3Г податочниот сообраќај, а кај 4ГЛТЕ за 270%. Кај Оне тарифните модели порастот е 70% кај 3Г УМТС сообраќајот.

Компанијата активно работи и во подобрување на сите свои други услуги.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.