gogo

Oki kom baner 1

.banner-blue-bg

A+ R A-


Аууу, како Гуцев го „наседна“ Блажевски и изнуди црвен картон за Шиле (ВИДЕО)

Да имаше Силекс уште 2-3 играчи од типот на Благој Гуцев, сега кратовци ќе беа најмалку 10 бода пред „килавиот“ Вардар, а не во ситуација да стравуваат за четвртата позиција која води во Европа. А пред само две недели имаа предност од 12 бодови пред конкурентите.
Каков „лукав“ играч е Благој Гуцев, се гледа по начинот на кој го наседна искусниот и прекален Дејан Блажевски. При една ситуација кога топката беше во посед на Гуцев, Ставрев ја прекина играта поради повреда на играч на Вардар. По интервенцијата Ставрев изведе судиско потфрлување, а Гуцев итро му ја украде топката на Шиле, кој имаше намера да ја испрати до голманот Митровиќ. Откако му побегна, Шиле ги изгуби нервите и грубо од зад грб го покоси струмичанецот, за што заработи втор жолт картон и исклучување од судијата Ставрев.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.