gogo

A+ R A-


„Бела ноќ“ во Кратово во чест на Денот на независноста

http://sitel.com.mk/sites/default/files/article/teaser-images/2015/october/bela1cscsdcsdcsdcsd-14579.jpgДенот на независноста 8 септември во Македонија се слави од 1991 година. На тој ден македонскиот народ, излезе на Референдум и на најдемократски начин ја изгласа својата независност со мнозинство – 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумското прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На 8-ми Септември годинава се одбележуваат јубилејни 25 години, и тој ден  ќе биде неработен ден за сите граѓани.

По тој повод одбележувањето на државниот празник „ 8 ми Септември“ – Ден на независноста, а по препорака на Владата на РМ во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“ на 07.09.2016 година (среда) ќе се одржи Концерт на КУД „ Ефрем Каранов“ со почеток од 19.00 часот на платото пред Дом на култура „ Лазар Софијанов“ – Кратово (Кино – сала). Исто така за сите посетители ќе биде отворена и изложбата на слики од 23-та Меѓународна детска ликовна колонија во галеријата на Дом на културата – Кратово.
Влезот за оваа манифестација е бесплатен за сите граѓани.

Во склоп на манифестацијата „Бела ноќ“ се продолжува и работното време на сите угостителски објекти во општината за два (2) часа на 7-ми Септември 2016 година (среда).

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.