gogo

A+ R A-


Бретаријанизам - философија на живеење без храна и вода, а со светлина

Виктор Трувијано е основач на филозофското движење бретаријанизам (breatharianism), со кое се занимава од пред седум години, а подразбира апстинирање од консумирање храна и вода. Тој тврди дека живее само од светлина или од праната (универзалниот принцип на енергијата или силата) и дека ваквата „диета“ им е достапна на сите штом ќе го пројдат почетниот процес. Неодамна во рамките на светска турнеја ја посетил и Хрватска и во Загреб одржал предавање, кое предизвикало голем интерес.

- Немојте да престанете да јадете и пиете, тоа е дијагноза и болест – бретаријанството е повик што го чувствуваат само поединци – им порачал на Хрватите.

Трувијано има свои следбеници, па затоа е формирана асоцијација на бретаријанци. Нивниот број расте, иако не постои јасна статистика. Тие одржуваат конгреси и особено се распространети во Русија.

Бретаријанците тврдат дека кога телото ќе биде оставено да биде тоа што е и кога ќе престанеме да го менуваме со храната што ја внесуваме, доаѓаме altдо бесмртноста, но најважно е да станеме суштества.

Трувијано: Не сум гуру
Еднаш штом го пуштиме телото да се саморегулира, доаѓа до нов ефект. Секоја ќелија се полни со бела светлина која тече низ телото и се храни со толку колку што му треба. Kрвта е чиста. Таа с` уште служи за дистрибуција на хормони и во случај личноста повторно да почне да јаде служи и за излез на токсините кон бубрезите. Kалиумот тече во крвотокот и ги храни ќелиите. Нискиот број отчукувања на срцето и стабилниот крвен притисок се на ниската граница на нормалата. Бојата на очите е длабока, жива и сјајна како кај новородените деца. Бојата може и да се промени (кај една бретаријанка се промениле од сиво-сини во златно-зелени). Видот достигнува перфекција. Вишокот килограми се губи, косата може да почне да расте побрзо, а влакната стануваат потенки. Ноктите на прстите и на нозете стануваат појаки. Може да се промени гласот. Постојат радост и постојана насмевка, јака харизма и сјај, велат тие.

Органите што веќе не се преплавени со отрови од храната, си ја добиваат првобитната функција. Цревата се намалуваат. Црниот дроб помага во производството на минералите. Се спие помалку од 4 часа дневно.

- Сите ние сме уметници, без обѕир со што се занимаваме – ние сме последица на уметничкиот дух околу нас.

Првото човечко суштество било апстрактно и креативно, а мојата филозофија е да личам на него.

Додека паѓав во несвест, всушност доаѓав во вистинска свест. Во Африка не сум го применил моето искуство зашто никој не ме поканил, а не сум гуру, промотор, гласник или учител - вели Трувијано.

Медицината нема одговор
Kога за него слушнал рускиот научник Борис Аранович, одлучил да го провери. Аранович се занимава со проучувањето на телесната енергија, со разни методи ги мери потребите и недостатоците на организмот. Снимањето на организмот на Виктор го направиле во Хелсинки.

Извештајот на Аранович во скратен облик, гласи:

- За мене, ова е целосно ново искуство. Викторовата филозофија во целост е поинаква од тоа што е вообичаено. Мерниот апарат не е приспособен на луѓето како него. Се чини дека неговото тело функционира на друг начин поради тоа што не пие ниту вода. Филозофијата му е необична, телото функционира поинаку, па апаратот не може да ги направи мерењата. Би требало да се произведе нов апарат приспособен само по него. Се гледа дека нивото на притисокот на телото е низок. Тоа е многу добро и постои совршена хормонска рамнотежа. Има 36 години, а биолошката возраст му е како на 28 години. Нивото на телесната енергија му е оптимално – вели Аранович.

Виктор Трувијано денес е веројатно најпознатиот светски бретаријанец. Kако дете бил познат виолинист и аргентинско чудо од дете, па го нарекувале нов Моцарт, се занимавал и со параглајдерство.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.