gogo

A+ R A-


ФУДБАЛСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ СТЕВИЦА РИСТИЌ ПРИЈАТНО ЈА ИЗНЕНАДИ СОПРУГАТА

101 роза за Кате и БМВ кабрио за неродениот син

пишува - Оливер Арсовски

Повремениот репрезентативец и кратовски зет Стевица Ристиќ и приреди пријатен шок на својата сопруга Катерина. Шармерот Стевица и подари букет со 101 роза за нејзиниот 24-ти роденден, а уште поголемо изненадување ја чекало во автосалонот, кога ги добила клучевите од најнов модел на БМВ 325 кабрио, кој чини 50.000 евра.
- Сакав пријатно да ја изненадам мојата сопруга, но не сум сигурен на кој подарок повеќе му се израдува. Да бидам попрецизен, розите се за роденденот, а автомобилот е за мојот се уште нероден син - ни рече голгетерот, чија сопруга е во седмиот месец од бременоста.
Ристиќ пред неколку дена се врати во Узбекистан, каде настапува за првакот Бунјодкор и веднаш го постигна својот прв хет-трик за новиот клуб. Популарниот Риле ги постигна последните три погодоци во победата од 5:0 против директниот ривал за титулата Насаф.
- Последниве месец и половина играм како во транс. Влезен сум во голгетерска серија на која и нема крај. На последните шест меча во првенството и во купот реализирав дури 12 погодоци и во моментов сум прв стрелец во Узбекистан со осум гола. Убедливо сме први на табелата, со седум бодови предност пред Пахтакор, а во Купот стигнавме до финалето. Како што стојат работите, блиску сме до освојување на двојната круна - ни рече задоволниот Ристиќ.
Ристиќ во декември направи трансфер од Поханг за неверојатна сума од два милиони долари, плус четири милиони отштета за Корејците. Со последните настапи, цената на трансфер-пазарот само му расте, а договорот со Бунјодкор му истекува во декември.
- Секојдневно стигнуваат понуди од реномирани клубови, кои сакаат да ме видат во своите редови. Последната дојде од клуб од Јужна Кореја, изразена во милионски цифри од која боли глава, но нема да избрзувам со одлуката. Од друга страна, и Бунјодкор има желба да ме задржи со нов, уште побогат договор, па така следниот период ќе бидам изложен на слатки маки - вели напаѓачот, кој се уште не ја доби вистинската шанса во дресот на македонската репрезентација.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.