gogo

A+ R A-


Интервју со хип-хоп артистите Благоја и Југослав (2 Лифес)

Интервју со Благоја Ристовски и Југослав Мишев (2 lifes), хип-хоп артисти

пишува: Благица Димитровска

Колку време практикувате да слушате Хип-Хоп музика?

Од самиот почеток слушавме друг вид на музика, други насоки но откако македонскиот Хип-Хоп почна да се популар изира и да станува атракција во Македонија, се определивме строго на тој вид музика и веке 6 години слушаме македонски хип-хоп.

 

Кој беше мотивот за да снимате ваши сопствени хип хоп песни?

Нашиот секојдневен живот и случувањата што ги доживуваме, и пробуваме да придонесеме повеќе за хип-хоп музиката во Кратово, но и во Македонија.

Кој ги компонира вашите песни?

Ние самите ги компонираме и инспирацијата за текстовите ја добиваме од стварноста и искреност на реалниот живот. Музиката ја снимаме во студио.

Голем поздрав до Боки кој ни помогна во студиото ,,Андерграунд рекордс”.

Кој ги финансира сите тие снимања, дали имате некој посебен спонзор?

Во моментов немаме спонзори, но се надеваме дека во иднина ќе се овозможи некое спонзорирање, затоа сега ние сами се спонзорираме

и очекуваме понатаму да биде подобро.

Колку свои песни имате снимено досега?

Имаме комплетирано 3 песни, 4-тата се снима моментално, а имаме спремено уште 6 песни кои планираме да ги снимаме натаму. Исто така имаме во план при крајот на јуни да го издадеме својот прв албум како и првиот видео запис.

2 Лифес? Од каде ви е идејата за името?

Кога ја снимивме првата песна немавме некоја посебна идеја за името и според текстовите што ги пишуваме пронајдовме 2 животи кои ги живееме и одлучивме да се наречеме 2 лифес или 2 животи.

Се надеваме дека ќе имате многу успех натаму па очекуваме да ве видеме и на малите екрани.

Тоа се трудиме и се надеваме дека ви се допаѓаат нашите песни, кои можете да ги преслушате на следниве линкови:

&feature=related

&feature=related

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.