gogo

A+ R A-


Како ќе живееме по 13 години? Некои работи нема да ви се допаднат!!!

altСветскиот економски форум објави низа интересни предвидувања за начинот на кој ќе живееме за само 13 години.

Во предвидувањата за 2030, за кои Светскиот економски форум разговарал со водечките експерти во своите подрачја, се истакнува како производите ќе станат работа на минатото, бидејќи се почесто ќе се изнајмуваат, а човештвото ќе биде подготвено за ширење на марс.

1. Сите производи ќе станат услуги

Купувањето на работи до 2030 година ќе стане далечно минато. Луѓето наместо купување едноставно ќе позајмуваат се што им треба, од куќи до автомобили. Што и да посакаме, ќе го изнајмиме и ќе ни биде доставено со дрон. Но, секој наш чекор ќе биде следен, а надвор од големите градови ќе живеат голем број незадоволни луѓе кои нема да уживаат во истите благодети како луѓето во градовите. Глобалното општетство поради тоа ќе биде длабоко поделено.

2. Американската доминација е готова, ќе имаме неколку глобални сили

Националните држави ќе се вратат на големата врата. Наместо една доминантна велесила, неколку земји ќе покажуваат империјални тенденции, а меѓу нив ќе бидат САД, Кина, Русија, Германија, Индија и Јапонија.

3. Органите нема да се пресадуваат туку ќе се печатат

Благодарение на напредните технологии како што се самоуправувачките автомобили и пресонализирана медицина, ќе има помалку несреќи и потреби и хируршки интервенции. Никој веќе нема да умира чекајќи на донатори на органи, бидејќи потребните органи ќе се -печатат.

4.Ќе јадеме помалку месо

Баш како нашите баби и дедовци на месото ќе гледаме како ретка привилегија, а не основа на исхраната. Храната ќе биде редизаинирана како би била поздрава и помалку штетна за животната средина.

5. Денешните сириски бегалци ќе бидат директори на компании

Високо образовните сириски бегалци ќе влезат во зрелиот период, а економската интеграција околу оние кои бегаат од своите домови од овие или оние причини ќе стане важна, а посебно со оглед на очекувањата дека само поради климатските промени околу милијарда луѓе ќе бидат прунудени да ги напуштат своите домови до 2030.

6. Вредностите кои ги изградил западниот свет ќе бидат доведени до точка на пукање

Најголемата закана на западните демократии ќе биде растечки популизам, но и идеја дека мнозинската популација во општеството заслужува подобар третман од малцинството, предупредува Кенет Рот, извршен директор на Хјуман Рајтс Воч.

7. Ќе бидеме подготвени за човеки живот на Марс

Научниците до 2030 ќе откријат како луѓето можат да останат здрави за време на долги патувања во вселената, а кога дојдеме на Марс, многу веројатно ќе откриеме докази за постоење на живот, надвор од Земјата, тврди Елен Стофан, главна научнична во НАСА.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.