gogo

A+ R A-


Ќе гори Кратово: Ќеба, Слаткар, ТТ Бјело Дугме, Калиопи на „Златни денови 2017“

Четврта година по ред Кратово ќе биде домаќин и организатор на фестивалот на музиката и забавата „Златни денови 2017“, кој ќе се случува од 30 јуни до 2 јули. Забавата која ќе трае до зори и оваа година ќе направи се за да го оправда епитетот „бренд на Кратово и североистокот“, кој го заслужи со претходните три изданија.
Во првата фестивалска вечер (петок) ќе настапат Бона Деа, Тара, Александра Јанева, Јана Бурчевска, а главни ѕвезди ќе бидат српскиот пејач Драган Којиќ - Ќеба и хип-хоп ѕвездата Слаткаристика. За љубителите на кафеанската музика, ќе настапат Браво бенд, Милица Кузмановски, Јордан Митев и други пејачи обединети под името „Меана Балкан“, а ќе бидат изведени најдобрите кафеански хитови на сите времиња.
Во втората вечер (сабота) во делот балканска ѕвезда, оваа година во фокус ќе биде балканскиот рок во изведба на составот „Trubute to Bjelo dugme“. Гостите на фестивалот ќе уживаат и во прекрасните мелодии на македонската поп-ѕвезда Калиопи, а помладите ќе уживаат во звуците на „Пеперминт“. Саботната вечер ќе ја отвори етно-составот „Вез“. Забавата ќе финишира во недела со дневна детска дискотека за најмладите. Во текот на фестивалот на градскиот базен ќе се одржуваат журки со најдобрите македонски диџеи.
Кратово и оваа година очекува гости од цела Македонија. Широки насмевки, отворени срца и распеана душа се нештата кои се добредојде за секој гостин во градот на кулите и мостовите. Оливер Арсовски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.