gogo

A+ R A-


КУД „Ефрем Каранов“ се врати од турнејата во Србија и Хрватска

КУД „ Ефрем Каранов“ од Кратово деновиве се врати од десетдневната турнеја низ просторите на бивша Југославија. Тие учествуваа на петиот Српски летен фолклорен фестивал, Влашка-Шабац –Углевиќ, каде што на беспрекорен начин ја преставуваа нашата култура традиција како и нашиот град. Фестивалот се одржуваше од 18.7 до 22.7 2014 год.

Покрај нашето друштво, на овој фестивал учество земаа и повеќе ансамбли од Србија, Република Српска, Белорусија, Русија, Чешка итн.
На овој фестивал тие настапија на 3 фестивалски вечери и се претставија со неколку кореографии меѓу кои се игри и песни од источниот дел на Македонија, игри од Малешевскиот крај, игри од Егејскиот дел на Македонија.
Од овој фестивал кој се одржуваше во Србија и Република Српска (Босна и Херцеговина) тие продолжија за Хрватска каде беа повикани од КУД „ Драгутин Домњанич“ од Вугровец и беа гости на манифестацијата  „Од  минатото за иднината“  која се одржуваше во едно прекрасно место Готаловец одалечено 50 км од Вугровец.
Тие беа единствени гости надвор од Хрватска и ги придобија симпатиите на присутната публика која беше воодушевена од нивниот настап.
По овој прекрасен настап кратовци добија покани да гостуваат на повеќе места во Хрватска, но и надвор од Хрватска.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.