gogo

A+ R A-


Му здосади да лови риба, Стевица Ристиќ повторно се враќа на фудбалските терени

altПоранешниот македонски репрезентативец Стевица Ристиќ ја активира својата кариера по најавена пензија и заигра за српскиот второлигаш Темнич Варварин. 35-годишниот Ристиќ по една година неиграње, потпиша договор на една сезона со амбициозниот второлигаш, каде веќе настапува уште еден поранешен репрезентативец, Владе Лазаревски.

Ристиќ во македонскиот фудбал го носеше дресот на Силекс, а најдолг период остана во Јужна Кореја, а една сезона го носеше дресот и на рускиот Амкар Перн. 

Ристиќ е роден во Вршац, но одигра 18 натпревари и постигна еден гол за македонската репрезентација. Дебитираше против Албанија во 2007 година. 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.