gogo

A+ R A-


Норилск - најизолираниот град во светот во кој животот е страдање и депресија

alt

Кога ќе се пожалите на студеното време сетете се на овој град во кој температурата достигнува до минус 55 степени Целзиусови, а жителите секоја година по два месеци живеат во целосен мрак.

Во Норилск, Сибир просечната годишна температура е минус 10 степени Целзиусови. Студениот период трае околу 280 денови годишно, додека повеќе од 130 дена  се со снежни бури. Поради екстремните временски услови луѓето се соочуваат со анксиозност, нервоза и депресија.

Градот има повеќе од 170.000 жители. Студениот период трае 280 дена годишно со повеќе од 130 дена со снежни бури и два месеца целосен мрак, темнината трае 24 часа на ден. Животот на луѓето е документиран од руската фотографка Елена Чернишова, која минала неколку дена во градот специјално за проектот „Days Of Night – Nights of Day“.

Исто така, она што ги изнеадува сите е тоа што овој град е богат, порати што веројатно и натаму постои. Норилск се наоѓа на околу 400 километри северно од Арктичкиот кург и има најголеми наоѓалишта на никел, бакар и паладиум во светот. Затворениците од Гулагот започнале да работат на проширувањето на оваа сибирска населба во 1935 година и во текот на следните 20 години, 500 илјади робови учествувале во неговата изработка. Илјадници од нив ги изгубиле животите.

altПоради неговите локации, Норилск се чини уште поизолиран од останатите арктички градови, без копнена поврзаност со остатокот од светот. Тоа успева единствено по пат на воздух и отворено море, речни бродови и тоа кога навигацијата е можна.Но, тоа не е се. Главен проблем во овој град на крајниот север од Сибир е загадувањето. Богатото наоѓалиште на никел во тоа пдрачје одговорно е за еден процент од вкупната светска емисија на сулфур диоксид, поради кој растителниот свет не може да опстане. Најблиското дрво е регистрирано на 48 километри од градот.
Најинтересно во целата приказна е што Русија сака по секоја цена да го намал бројот на население во Норилск, дури и да го затвори градот. За таа цел нуди финансиска помош за секој што ќе одлучи да го напушти градот во висина од неколку илјади долари, но само мал процент од населението ја прифатило понудата, а анајголемиот дел изразиле желба да останат во Норилск.

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.