gogo

A+ R A-


Приказна за Хунзите - народ што живее 120 години

alt

Хунзите се народ што веројатно има најдолг животен век, меѓу 110 и 120 години. Не боледуваат од сериозни болести, а благодарение на гените, навистина изгледаат младешки.

Тие живеат на границата меѓу Пакистан и Индија, па поради нив, областа е наречена „оаза на младите“. Многумина се занимаваат со тајната на долговечниот живот. Веројатно, тајната лежи во севкупниот начин на живот. На пример, тие се капат во ледена вода, дури и на температура од 15 степени под нулата, а жените раѓаат дури и на 65 години.

Во текот на летото тие јадат свежо овошје и зеленчук, а зиме - жита и овчо сирење. Постои период кога Хунзите ништо не јадат, а познат е како „гладна пролет“. Периодот го добил своето име поради фактот што плодовите напролет с` уште не се зрели. Во овој период тие пијат само сок од суви кајсии. Периодот трае од 2 до 4 месеци и сите генерации строго го почитуваат.

Хунзите внесуваат многу малку протеини, а дневно консумираат просечно по 1.933 калории. Од нив 50 грама се протеини, 36 грама масти и 365 грама јаглени хидрати.

alt

Тие што живееле со нив во долината на реката Хунза заклучиле дека главниот фактор за долговечноста е здравата исхрана. Хунзите се луѓе што не страдаат од рак. Тие внeсуваат големо количество витамин Б-17, кој се наоѓа во семките од кајсија, од кои произведуваат масло, а токму овој витамин често се спомнува во јавноста како одлична заштита од ракот. Освен исхрана, за долговечноста на Хунзите голема заслуга има движењето, но и доброто расположение. Тие често се смеат, пишува „Магазин.ба“.

Kинеско списание во 1984 година опишало интересен настан, кога еден од Хунзите, Саид Адбул Мобида ги збунил вработените на лондонскиот аеродром „Хитроу“, кога го покажал својот пасош. Бил роден во 1832 година и во моментот имал 152 години.

Во книгата „Хунзи - луѓе што не знаат за болести“ на П. Биткер, авторот напишал дека ја открил тајната на долговечноста во Хунзите, а клучот бил во исхраната. Вклучувајќи многу сурови производи, пред с` овошје и зеленчук. Сол користат минимално, како и алкохол и слатки, а во текот на годината има посен период.

За својата долговечност локалните жители едноставно велат: бидете вегетаријанец, постојано работете физички, секогаш движете се и не го менувајте ритамот на животот. Тогаш ќе живеете од 120 до 150 години.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.