gogo

A+ R A-


Соѕвездието Плејада откриено на карпа во “Цоцев Камен“

На карпа во локалитетот  “Цоцев Камен“, што се наоѓа во кратовското село Шопско Рударе, се забележани длапки со распоред ист или сличен на распоредот на ѕвездите од соѕвездието Плејада. Ова несекојдневно откритие случајно го забележаа студентите од Филолошкиот факултет при
Соѕвездието Плејада откриено на карпа во “Цоцев Камен“
универзитетот “Гоце Делчев“, Штип за време на научната теренска настава по предметот Македонска палеолингвистика, предводени од професорот Душко Алексоски. 
 
Ова значајно откритие на македонскиот центар за карпеста уметност во соработка со студентите од областа на македонското праисториско наследство ја комплетира сликата за овој значаен археолошки локалитет, а Македонија повторно се потврди како еден од најзначајните праисториски културни и духовни центри на планетата земја. 
 Ваквата формација на длапките е најкомплетна претстава за овој вид соѕвездие. Правецот на поставеноста на длапките изработени врз карпата, одговара на правецот на поставеноста на соѕвездието Плејада во вселенскиот простор. 
 
 
тест
Ова значајно откритие ја потврди теоријата на прославениот француски археолог Етјен Пат кој на конгресот на француските праисторичари одржан во градот Тур, Франција, 1910 година, истакнал дека е можно на Балканот да се откријат длапки изработени врз карпа и камен со распоред ист или сличен  на распоредот на ѕвездите од соѕвездието Плејада.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.