gogo

A+ R A-


Традиционалната моторџиска тура „Независност 2015“ мина низ Кратово

Денес тргна од Скопје традиционалната моторџиска авантура низ Македонија. Мото турата е по повод независноста на Република Македонија, а во организација на Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ). По 24-ти пат, моторџии од цела Европа ќе тргнат од пред Порта Македонија да го извозат мото релито „МАКЕДОНИЈА – НЕЗАВИСНОСТ 2015“. Кратовчани имаа можност да видат стотици моќни машини кои продефилираа на пат кон Пробиштип.

moto reli

Оваа година Мотоциклистичката Федерација на Македонија релито го направи со хуманитарен карактер. Во соработка со Црвениот Крст на Македонија, собраната помош ќе биде распоредена онаму каде што тоа е најпотребно.
Колоната мотоциклисти, преку Куманово, Кратово, Пробиштип, Кочани, Виница, Берово и Струмица ќе се упати кон целта на првата етапа во Дојран. За втората етапа, во недела, предвидено е после стартот во Дојран мотоциклистите да минат низ Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид кон целта на вториот ден – Струга. За последниот, трет ден предвидено е минување низ Дебар, Маврови Анови, Гостивар, Тетово, а целта ќе биде повторно во Скопје. Вкупната должина на релито е околу 780 километри.
Mapa_Moto_Reli_Makedonija-2015 (1)Најавено е учество на голем број натпреварувачи од Македонија, регионот и Европа. Вообичаената бројка на учесници се движи помеѓу 350 и 450 од петнаесеттина држави. Релито нема натпреварувачки карактер, а главна цел е туристичка промоција на Република Македонија кај странските и домашните учесници, како и промоција на мотоциклизмот низ целата наша држава. Сепак, предвидени се е и почесни награда – пехари (за најбројни екипи од странство и Македонија, за најстар и најмлад учесник, за најатрактивен и најстар мотоцикл, за странец со најголема километража и сл.) и признанија за сите клубови и поединци учесници на релито.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.