gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Какви превентивни прегледи треба да направите ако се сомневате во рак?

Секоја година расте бројот на заболени од рак и истиот е број 1 болест која зема најмногу жртви. Сепак, најдобра превенција од оваа болест е редовно да одите на контроли, а доколку се појават сомнителни симптоми да направите некои превентивни прегледи кои може да ви го спасат животот.

Рак на дојка

alt

Овој рак доколку се открие на време може многу лесно и брзо да се отстрани. Многу е важен и самопрегледот преку кој жената ги запознава своите гради и може да открие дали има некои цврсти и сомнителни топчиња. Потоа, доколку има потреба се прави и мамографија, односно рендгенски преглед на дојките.

За целосно да се докажи дека се работи за рак, а не за цисти, може да се изврши и ултразвук и цитолошка пункција.

Рак на белите дробови

alt

Ракот на белите дробови е еден од поагресивните типови бидејќи има тенденција брзо да се шири по неговата појава, а белите дробови се исто така и најчестото место на кое метастазираат и другите видови на рак.

За негово појавување влијаат многу факти, од болести на белите дробови, па сè до пушење, загаден воздух и фамилијарни предиспозиции. Најголем проблем е што кај овој вид на рак дури кај 25% од случаите не се јавуваат никакви симптоми, туку случајно се открива со RTG снимка на градите.

Ако се сомневате на овој вид рак, рендгенскиот преглед е првиот што треба да го направите, а со овој преглед додатно може да направите и CT снимање или магнетна резонанција, како и позитронска емисиска томографија (PET).

Рак на дебелото црево

alt

Ризикот од развој на рак на дебелото црево значително расте по 40-тите години од животот, а најчесто се открива кај луѓе постари од 50 години. За неговата појава влијаат многу фактори како што е начинот на седење, претераното внесување на алкохол, но и исхраната со зголемено количество на масти.

Овој рак се развива побавно од ракот на белите дробови, а откако ќе порасне значително, заболената личност може да ги почувствува симптомите. Неговата превенција е многу важна бидејќи може да се прошири на другите органи околу цревата.

Наједноставната и евтина метода за откривање на карцином на дебелото црево е тест на скриено, невидливо крвавење. Покрај овој тест се прават и дигиторектален преглед, како и колоноскопски преглед, преку кој 100% се открива секоја промена на цревото.


 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija logo 7

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1243
mod_vvisit_counterВчера5237
mod_vvisit_counterОваа недела32438
mod_vvisit_counterМинатата недела37197
mod_vvisit_counterОвој месец142199
mod_vvisit_counterМинатиот месец313655
mod_vvisit_counterВкупно8566417
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.