gogo

12805901 1736726103226190 7018339300294085335 n

A+ R A-


Квасецот – божествен лек

Квасецот – божествен лек

Сите видови квасец не се корисни, некои можат дури и да предизвикаат инфекции. Во 16 век пивскиот квасец лекарите го нарекувале  и „божествен лек“. Покрај хранливата, квасецот има и диететска вредност.

КВАСЕЦОТ го сочинуваат група на габи кои ослободувајќи јаглен двооксид го раствораат шеќерот  и го претвораат во алкохол. Меѓутоа, не се сите видови корисни. Поедини можат да предизвикаат инфекции. Пивскиот квасец се користи за правење леб и напитоци. Во еден документ од 1555. година п.н.е. се спомнува  „калта“ од пивото го чува здравјето на телото, а во 16 век лекарите сувиот пивски квасец го нарекувале „божествен лек“.

Извор на витаминот  Б

Со процесот на преработка на суровиот квасец се добива сув пивски квасец, кој претставува вистинска ризница од хранливи состојки: белковини, амино – киселини, јаглени хидрати, минерали, олигоелементи и витамини.

Најзначајна компонента на пивскиот квасец се белковините. Се нарекува пивски бидејќи пред да се дознаат неговите лековити својства, се користел само за производство на пиво. Содржи големи количини Б витамин и три важни елементи: селен кој го успорува процесот на стареење, хром кој е превентива за заштита од дијабетес и инфаркт и глутамин кој ја поуспешува елиминацијата на штетните материи.

Против стрес

Благодарение на големиот состав од минерали и олигоелементи кои се неопходни за нормалното функционирање на сите процеси во организмот, пивскиот квасец претставува извонреден додаток на природната храна. Со витамините од Б – комплексот, минералите дејствуваат против стресот (магнезиум), остеопорозата ( калциум), анемијата (железото) и други заболувања. Во пивскиот квасец главно се застапени сложените шеќери, па затоа може да се користи и во исхраната на дијабетичарите.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.