gogo

A+ R A-


Лимон и цимет - благодетите на оваа моќна комбинација

Ви ги претставуваме седумте неверојатни моќи на комбинацијата од лимон и цимет.

Лимонот е исклучително ефикасен за детоксикација на телото, подобрување на имунитетот, регулирање на варењето и стимулирање на слабеењето.
Циметот има антимикробни карактеристики, го регулира нивото на шеќерот во крвта, делува превентивно при појава на канцер...
Меѓутоа, комбинацијата од лимон и цимет спаѓа помеѓу најлековитите мешавини. Еве како врз вашиот организам делува оваа едноставна, но многу моќна комбинација:
Ги елиминира акните
Измешајте неколку капки сок од лимон и лажичка цимет и направете фина паста која е исклучително ефикасна во борбата против упорните бубулички. Пастата оставете ја да делува 15 минути на кожата на лицето, а потоа исплакнете со вода.
Ќе ве ослободи од болките во зглобовите
Луѓето кои имаат проблем со вкочанети и болни зглобови се соочуваат со отежнато извршување на секојдневните обврски и активности, така што можат и тоа како да имаат голема корист од комбинацијата на лимон и цимет. Измешајте две лажички мад, две лажички цимет и сок од еден лимон. Сето ова добро измешајте го и испијте го во утринските часови на празен желудник.
Ќе ви помогне во слабеењето
Многумина користат вештачки суплменети како би се ослободиле од вишокот на килограми. Многу поделотворна и поздрава може да биде комбинацијата од природните состојки. Така на пример, во шолја зелен чај додадете малку лимонов сок и цимет и лесно ќе достигнете витка линија.
Лек при настинка и кашлица
Лимоновиот сок содржи големо количество на витамин Ц кој го зајакнува имунитетот и ги спречува инфекциите. Покрај тоа, циметот е одличен борец во борбата против вирусите и бактериите. Ако ве мачи воспалено грло или настинка, измешајте малку мед, лимон и цимет и ќе се уверите во неверојатната моќ на оваа природна мешавина.
Ги елиминира брчките
Комбинацијата од лимон и цимет е поевтина, но подеднакво ефикасна метода за ублажување на борите во споредба со козметичките производи. Измешајте неколку капки лимонов сок и малку цимет. Оваа мешавина нанесете ја на лицето благо масирајќи и оставете ја да отстои неколку минути, а потоа исплакнете со вода. Антиоксидансите од лимоновиот сок ќе ја корегираат оштетената кожа а циметот ќе го стимулира производството на колаген.
Ја чисти кожата на главата и го враќа сјајот на косата
Поради високата концентрација на витамин Ц, лимонот е исклучително ефикасен лек за одржување на здравјето на кожата на главата. Циметот на кожата на главата ѝ пружа нега и ѝ делува како благ пилинг. Пред шампонирањето вмасирајте на кожата на главата мешавина од цимет и лимон и ќе добиете негувана и сјајна коса.

alt

Му врши детоксикација на организмот
Токсините со текот на времето се таложат во организмот и така го нарушуваат нашето здравје. Лимоновиот сок е исклучително благотворен кон здравјето на црниот дроб, додека циметот го спречува штетното влијание на слободните радикали и оштеткувањето на клетките. Токму затоа оваа мешавина е еден од најдобрите начини за да го прочистите вашиот организам од отрови.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.