gogo

A+ R A-


Осум лица од Кратово ќе доставуваат храна и лекови до ранливите категории на граѓани

Локалната самоуправа на Општина Кратово ќе ангажира осум лица за поддршка на стари и изнемоштени лица, лица со попреченост и други ранливи категории нејзини граѓани како одговор на спревување со Ковид-19.
Лицата ќе бидат реангажирани преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
-Ангажираните лица ќе формираат мобилни тимови што ќе ги спроведуваат следните активности: поддршка на стари и изнемоштени лица, лица со попреченост и други ранливи категории, помош за набавка на потребни намирници, добавување медицинска терапија- лекови од аптека и плаќање на тековни сметки за вода, струја, телефон, информира службата за комуникација со јавност при Општина Кратово.

Активностите на тимовите ќе започнат од вторник, 7 април, а сите жители кои имаат потреба од вакви услуги можат да се обратат на телефонскиот број 071 379 467 или во просториите на Општината.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

aberdzija 10 godini

my way

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2510
mod_vvisit_counterВчера5120
mod_vvisit_counterОваа недела20472
mod_vvisit_counterМинатата недела47385
mod_vvisit_counterОвој месец75803
mod_vvisit_counterМинатиот месец224902
mod_vvisit_counterВкупно13284237
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.