7.000 денари додаток за мобилност за кратовските инвалиди

Вторник, 31 Јули 2012 15:19 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Thumbnail Во согласност со измените на Законот за социјална заштита направени лани, лицата со тежок инвалидитет и слепите луѓе со 98 одсто оштетен вид имаат право на додаток за мобилност. Овој паричен надомест ќе изнесува 7.000 денари. Во текот на јули ќе се поднесуваат барања до Центрите за социјални работи, а исплатата најверојатно ќе почне од август.

-Здружението на лица со телесен инвалидитет за Куманово, Кратово и Крива Паланка има регистрирано 337 члена. Право на надомест ќе имаат инвалидите без разлика дали се зачленети или не. Ќе се изготват обрасци кои инвалидите ќе треба да ги пополнат. Ќе треба и наод од комисија да се приложи- рече Бранимир Јовановски, претседател на Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет “Мобилност Македонија“.

Јовановски вели дека овој надомест од државата ќе помогне во осамостојувањето на лицата со инвалидитет. На ниво на Македонија се очекува 1080 слепи луѓе и 1061 инвалид да го искористат надоместот за мобилност.

Сподели