Пратеникот Марјанчо Колевски донираше лични средства за обнова на 11 клупи, Влатко Ѓорчев ја пофали акцијата
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во ИЕ 3, Влатко Ѓорчев, денеска го посети Кратово и се сретна со граѓаните и симпатизерите на најмоќната политичка партија во земјава. На градскиот плоштад беше пречекан од актуелниот пратеник Марјанчо Колевски, координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Игор Смиљковски, градоначалникот Мите Андоновски и неколку стотини граѓани кои топло го пречекаа. Причина за посетата се предизборните активности на владеачкаата коалиција во пресрет на изборите на 5 јуни, но и за да присуствува на несекојдневниот гест на кратовскиот пратеник Марјанчо Колевски, кој донираше сопствени парични средства за обновување на единаесет искршени и уништени клупи во центарот на градот. Оваа акција иницирана од Колевски, ја потпомогнаа младите сили на ВМРО-ДПМНЕ од Кратово, кои цел ден работеа по дождливото време на фарбање и поставување на дрвената столарија на клупите.
Активности имаа и претставничките на понежниот пол од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, кои пред Домот на културата ги презентираа своите кулинарски вештини и подготвија богат коктел за присутните гости.