Амбасадорот на САД, г-дин Пол Волерс, го посети Кратово

Четврток, 17 Мај 2012 14:50 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Текст, фото и видео - Оливер Арсовски

altАмбасадорот на САД, г-дин Пол Волерс, денеска беше во посета на Општината Кратово, каде оствари средба со градоначалникот Мите Андоновски и претседателот на Советот, Сашо Георгиевски. Градоначалникот имаше излагање во кое му ја прикажа реалната економска состојба во која се наоѓа општината, а посебен акцент стави на туристичките потенцијали кои во иднина можат да бидат доходовна стопанска гранка во која ќе инвестира општината. Притоа, не заборави да му се заблагодари за низата проекти реализирани во градот и околните села, а поддржани со финансиска помош од американската амбасада.

altИнаку, амбасадорот ја искористи можноста да прошета низ градот, ги посети Домот на културата и Музејот, а од балконот на Саат-кулата панорамски го разгледа централното градско подрачје. Издвои и петнаесеттина минути за да присуствува на манифестацијата „Ден на компирот“ која за првпат се одржува во основното училиште, каде срдечно го пречекаа директорката Рада Зафирова, персоналот и многу дечиња. За жал, краткото време за посета не дозволи Волерс да се запознае со Цоцев камен, локалитетот Градиште, Ротондата во Коњух, но истакна дека во приватна режија веќе ги посетил Камените кукли. Посетата заврши во ресторанот „Кану“, каде Волерс имаше прилика да проба стари кратовски специјалитети, зелник, а'рмк и лута кратовска ракија. Фасциниран од она што го виде, вети дека во иднина повторно ќе го посети Кратово, но овојпат со семејството и на подолго време.

alt

alt

">

Сподели