Андоновски ветува центар за деца со посебни потреби и клуб за стари лица

Петок, 15 Март 2013 20:55 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Дневен центар за деца со посебни потреби, отворање клуб за стари лица и волонтерски сервис за стари изнемоштени лица. Ова се проектите од областа на социјалната заштита и социјална превенција кои ги вети кандидатот за градоначалник на Кратово, Мите Андоновски.

-Во изборната програма предвидовме да се изгради дневен центар за деца со посебни потреби во просториите на основното училиште. Во градот има поголем број деца со посебни потреби кои сакаме дел од своето време да го поминуваат во овој центар, со што ќе си олеснат на себеси, но и на своите родители. Планираме старата зграда на „Соколана“ која е во сопственост на ЈП за стопанисување со спортски објекти да ја земеме под владение на општината и тука да отвориме клуб за стари лица. Имаме и проект со кој ќе отвориме волонтерски социјален сервис за стари изнемоштени лица, кој ќе се грижи за потребите на оваа категорија граѓани – истакна кандидатот за градоначалник на Кратово, Мите Андоновски.

Во Општина Кратово се регистрирани 40-тина лица со посебни потреби, претежно деца и млади, а во градот живеат и над 1000 пензионери кои немаат свое катче за дружење.

alt

Сподели