Боге Велковски, музичар кој им ја доближува гајдата на странските туристи

Сабота, 08 Септември 2012 13:45 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

текст, фото и видео - Оливер Арсовски

alt„Оваа моја гајда вреди 200 евра. Сам ја направив и со неа се дружам многу години. Еден период ретко свирев со неа, но во последно време повторно ми стана верна придружничка, затоа што странските туристи сакаат да слушнат како звучи изворно кратовска гајда", раскажува Боге Велковски. Седумдесетичетиригодишниот гајдаџија е роден нежиловец. Иако веќе долги години живее во Кратово, тој за себе вели дека доаѓа од село Нежилово. На гајда свири од дете, а како што вели, ќе свири додека е жив.

alt


- Гајдаџија сум од дете. Тоа ни е во фамилија. Традицијата ја започнале мојот дедо, и по него сите научивме да свириме народни инструменти. Пред 30-40 години редовно свирев на свадби, крштенки, разни веселби... најубавите веселби беа на празникот Тодорица, кога буквално не можев воздух да земам од дување во гајдата. За жал, сега нема работа за гајдаџиите, но затоа тука се странските туристи кои сакаат да се дружат со гајдата“,
вели гајдаџијата Боге.

 

Сподели