Уште еден голем успех бележи средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово, откако ученичката Бојана Тоневска освои второ место на државниот натпревар по предметот Француски јазик. Бојана е ученичка во трета година, а успехот во голема мера се должи на трудот на менторот

Зорица Давитковска. Дека кратовските ученици се надарени за француски јазик, доказ се освоените први три места на регионалниот натпревар, каде Ивана Коцевска и Дијана Пешевска ги демонстрираа своите високи јазични способности.
