Боки 13 и обезбеди работа и топол дом на самохраната мајка од Кратово

Среда, 15 Март 2017 13:25 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

http://tocka.com.mk/images/content/sodrzina/boki-13-kritika-za-zlatna-bubamara-2.jpgБојан Јовановски, познат во јавноста како Боки Тринаесет ќе и обезбеди дом и работа на Драгица Јованова,мајката која што поради немаштија и болест била принудена да си ги остави децата во домот ,,11 Октомври’’ во Скопје. Веднаш штом ја прочитал приказната во која што мајката по потекло од Кратово моли за работа и сместување во Скопје, со цел да биде поблиску до децата, а откако финансиски ќе се среди, и да ги земе да живеат со неа, Боки реагираше.

Неговите асистенти веќе се сретнале со Јованова, и секој момент требало да ја донесат кај него, за да ги договорат сите детали.

,,Позади оваа иницијатива не стои ниту една институција, туку лично јас. Ме трогна нејзината судбина, и секако судбината на нејзините деца и решив веднаш да реагирам. Веќе има неколку опции за вработување на Драгица, во ресторан во Скопје, а ќе и обезбедам и сместување во околината на Скопје. Ќе ги подмирам сметките за сместување во наредната година, мора да и се помогне на жената првин да се адаптира на новата средина, на новата работа, да се вклопи во животот и да стане самостојна. Значи, стојам зад неа во наредната година дена, се надевам дека до тогаш се ќе се среди и таа ќе може потоа да продолжи самостојно да заработува и да се грижи за нејзните деца. Секое дете заслужува среќен живот, да расте покрај мајка и да не заспива гладно’’ – ни изјави во телефонски разговор Јовановски.
http://fokus.mk/boki-13-prv-reagirashe-po-objavata-na-fokus-obezbedi-dom-i-rabota-za-majkata-shto-gi-ostavi-detsata-vo-dom/

Сподели