Борис Трајковски - кроткиот, простодушен и мирољубив претседател

Среда, 26 Февруари 2014 14:15 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altДенес се навршуваат точно 10 години од трагичната погибија на македонскиот претседател Борис Трајковски. Го паметиме како едноставен, простодушен, мирољубив, искрен, отворен, наивен, гостопримлив, широкоград, христијански воспитан да простува. Човек кој зрачееше со добрина и ведрина, оптимист во душа, неверојатно близок до обичниот човек, човек кој доаѓа од редовите на простосмртниот народ.

Во далечната 1999 година имавме можност одблиску да го запознаеме. Трајковски беше во посета на Кратово, на гимназијата „Митко Пенџуклиски“ и основното училиште „Кочо Рацин“. Тивко и ненаметливо, без нападни телохранители во својата околина, се сретна со учениците од Кратово, се сликаше безброј пати со нив, се ракуваше со професорите, не симнувајќи ја својата препознатлива насмевка од лицето.
Претседателе, вечна слава!!!altalt

Сподели