Браната „Кнежево“ утре свечено ќе се пушти во употреба

Петок, 25 Јануари 2013 20:18 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Питка вода за 100.000 жители од Кратово, Пробиштип и Штип, обезбедено наводнување за 4070 хектари земјоделска обработлива површина, производство на 50 милиони киловат часови електрична енергија Ова се придобивките од изградбата на хидросистемот Злетовица и браната Кнежево. Целиот потенцијал на Злетовската река ќе биде искористен за добробит на жителите во кратовско-злетовската област.

Првата од трите фази е целосно завршена, односно изграден е пристапен пат во должина од 20 километри, брана со сите придружни објекти, како и цефководи до градовите во должина од 85 километри. Во завршна фаза е монтирањето на системот за далечинско управување со објектите на хидросистемот од управната зграда.

-Проект кој е од витално значење за граѓаните на осоговскиот регион. Благодарејќи на Владата на РМ, граѓаните од Кратово, Штип, Пробиштип, Св Николе, Карбинци, Лозово, ќе добијат квалитетна вода за пиење. Првата фаза на овој значаен проект е завршена за неполни 4 години, во рок. По првата фаза направена е анализа и со економично и домакинско работење останаа неискористени 4 милиони евра, вели Стојан Миланов, директор на хидросистемот Злетовица.

altТехничките карактеристики ја прават една од најдобро изградените брани во Европа и на Балканот. Висока е 81 метар, и со должина и ширина од 300 метри. Должината на акумулацијата изнесува 4 километри и е со капацитет од 23,5 милиони кубни метри вода. Браната е каменонасипна со асфалтно јадро.

-Избрана е фирма која ќе ги гради фаза 2 и фаза 3. Фаза 2 систем за наводнување. Фаза 3 изградба на хидроцентрали за електрична енергија. По првата фаза направена е анализа и со економично и домакинско работење останаа неискористени 4 милиони евра, вели Стојан Миланов, директор на хидросистемот Злетовица.

Како дел од првата фаза е и изградба на филтри во Штип и Пробиштип. Во изградбата учествуваат градежните фирми Гранит, Бетон, Искра системи од Словенија, како и Силекс неметали која ги пробиваше обиколниот и преливниот тунел на браната.

Приоритет за менаџерски тим беше безбедноста на 700 работници кои активно учествуваат во реализација на овој проект.

Инаку во текот на утрешниот ден браната Кнежево и придружните објекти официјално ќе бидат пуштени во употреба.  

  www.sitel.com.mk

 

 


Сподели