Да му помогнеме на Давид Стојановски од Кратово кој боледува од тумор на левото колено

Петок, 21 Август 2015 18:55 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altДАВИД СТОЈАНОВСКИ од Кратово има 12 години и боледува од тумор на лево колено со дијагноза малигна мезенхимална неоплазма со карактеристики на остеосарком .
Неговото семејство упатува АПЕЛ ЗА ПОМОШ до сите граѓани да бидат хумани и да донираат средства за понатамошно лекување и операција кај проф. Д-р Самарџиски на Универзитетската Клиника за Ортопедија во Скопје.
Семејството на Давид, во кое само таткото е вработен, е во тешка финансиска состојба и однапред се заблагодарува на сите хумани луѓе кои ќе помогнат да се спаси еден млад детски живот.
Сметка за донација : 320-5000215494-04

Централна Коперативна Банка АД

на име Билјана Китановска

Сподели