Минатата недела во СОУ „Митко Пенџуклики“ – Кратово се одржа јавна дебата на тема „Кабинетската настава – причина за зголемениот број на изостаноци“. Два тима подолени на афирмативен (Антонио Арсовски, Даниел Јакимов и Кристијан Доневски) и негациски (Ивана Павловска, Магдалена Димитријевска и Жаклина Георгиевска). Дискутираа и разгледуваа аргументи за кабинетската настава, како понова пракса во формалното образование, и поврзаноста на истата со се поголемиот број на изостаноци кај средношколците. Оваа јавна дебата е организирана во рамки на социолошката секција под раководство на професорката Калинка Стефановска и во соработка со дебатниот клуб на МОФ центарот во Кратово. Присуствуваа дел од учениците и професорите на училиштето. Жаклина Георгиевска
