Децата го пречекаа „Дедо Мраз“ со „Калашњиков“ од Бреговиќ

Четврток, 29 Декември 2011 20:46 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
Пакетчињата се поделени, детски насмевки насекаде. Децата од градинката „Царка Андреевска“ во Кратово го пречекаа „Боро Мраз“, пардон, „Дедо Мраз“ со песната „Калашњиков“ од Горан Бреговиќ. Вообичаено, дедо Мраз им посака добро здравје и безгрижно детство, ја испразни вреќата со подароци, а децата му возвратија со прекрасна приредба исполнета со убави песнички и многу музички точки. Овојпат Дедо Мраз не мораше да ги празни џебовите на прсреќните родители, затоа што годинава Градоначалникот и Општината го одврзаа ќесето и им подарија новогодишни пакетчиња на децата.

Сподели