Дечињата од детската градинка „Царка Андреевска“ од Кратово денешниот ден го искористија за посета на кабинетот на градоначалникот Мите АндоновскиЗаедно со своите учителки и директорката Ленка Јовановска, дечињата му подарија шарени велигденски јајца на градскиот татко и му посакаа успешно раководење на општината. На нивниот велигденски подарок возврати и градоначалникот со велигденско пакетче за секое дете.
-Дечињата се мали, но со големо срце. Им благодарам што ме посетија и ми донесоа преубаво насликани велигденски јајца. Убаво е кога ќе гледам дека велигденските традиции се негуваат и дечињата со голема љубов ги прифаќаат – истакна градоначалникот Андоновски.
Пред посетата на кабинетот, во градинката се организираше голем велигденски хепенинг, на кој се продаваа велигденските изработки направени од вештите рачиња на децата.
