Денес (19.30 ч.) промоција на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник Андоновски

Вторник, 12 Февруари 2013 14:53 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
alt
Денес 12.02.2013 (вторник) во Мултимедијалниот центар (Кино сала - влез од кај Музеј) со почеток од 19.30 часот ќе биде промовирана изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013-2017 год. на кандидатот за градоначалник г-дин Мите Андоновски.
Целта на оваа промоција е да се промовира програмата за временски период од четири години во која што програма се опфатени сите проекти кои што ќе се реализираат и ќе придонесат за развој на општината во областа на образование и наука, спорт и млади, урбанизам и животна средина, комунални работи и инфраструктура, туризам, култура и др.alt
Сподели