Денес е светски ден на аутизмот! Што е аутизам и како да го препознаеме?

Петок, 02 Април 2021 08:30 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Аутизмот е невробиолошки развојно нарушување кое најчесто се манифестира во првите 30 месеци од животот, односно во првите три години од животот. Ова нарушување се јавува во периодот кога детето станува свесно за неговата околина и за себе. Бројот на деца со дијагноза на аутизам постојано се зголемува.

Во 90-тите, се сметаше дека аутизмот е нарушување предизвикано од емоционални нарушувања на целото семејство. Во буквален превод тоа би значело дека детето не постигнало никаква социјална интеракција или се повлекло во себе (граници на светот коишто ги создало само кои до ден денес не им се познати ниту на научниците кои ја посветиле целата своја работа на истражување на аутизмот) пред да настане каква било социјална интеракција.

altНеодамна, разни популарни теории доведоа до поврзување на вакцината и развојот на аутизмот. Сепак, невозможно е со сигурност да се потврди, бидејќи има случаи на деца кои не биле вакцинирани на рана возраст, а страдаат од некои нарушувања кои се дел од аутистичниот спектар.

alt

Сè што може да се каже за аутизмот е тоа што повеќето случаи на аутистичкото однесување не се поврзани со мозочните болести.

Првите знаци на аутизам кај дете:

Симптомите кои се споменати, не мора да се појават кај сите деца со аутизам. Манифестацијата на симптомите зависи од аутистичкото нарушување од кое страда детето. Во изминатата деценија се забележува голем пораст во дијагностиката на аутистичниот спектар на однесување, делумно поради промените во дијагностичките параметри. 

alt

alt

 Подоцнежни знаци на аутизам

Дали моето дете боледува од аутизам? 

Причините за аутистични нарушувања не се целосно разјаснети. Дали се работи за единствена причина, или повеќе не е јасно. Но, повеќето експерти кои се занимаваат со овој проблем веруваат дека постојат неколку причини.

Важно е да се знае дека ниту еден од горенаведените симптоми или знаци на однесување, сам по себе не е знак на аутизам. Исто така, не е лесно да се одреди колку на пример сметањето е нормално и колку е премало. Некои од горенаведените симптоми или знаци на однесување можат да бидат предизвикани од други проблеми, како што е не обраќање кога се довикува со име, што може да биде предизвикано од проблеми со слухот. Аутизмот е почест кај момчињата отколку кај девојчињата. Најдоброто нешто што може да го направите ако се сомневате на аутизам кај детето, е да посетите лекар. Постојат професионални тестови кои можат да дадат подетална слика за тоа дали станува збор за аутизам или нешто друго. Обично вашиот педијатар ќе ве упати на психијатар за понатамошна анализа. Децата со аутизам не се лесни за тестирање. На тестовите за интелигенција обично постигнуваат подобар успех во задачите кои бараат изведба, отколку на вербалните задачи, па и покрај тоа што заостануваат во многу области, некои прашања може да покажат резултати кои се совпаѓаат со нивната возраст. Со тестот за интелигенција под водство на искусен испитувач, често е можно да се предвиди исходот.

Сподели