Димитар Петров останува претседател на Регулаторна, интерпелацијата неуспешна

Петок, 02 Ноември 2012 09:47 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

alt

Собранието на Рeпублика Македонија не прифати интерпелација на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Димитар Петров, што ја поднесоа пратениците од опозицијата. Дванаесетчасовната расправа заврши со 56 гласа против, 39 гласа „за“ и без воздржани.

Опозицијата побара разрешување на Петров од функцијата зашто смета дека РКЕ по сомнителна и нејасна методологија ги утврдува цените на енергенсите, не ја извршува основната задача - да го контролира пазарот на електрична енергија, ниту ги штити интересите и правата на граѓаните. Обвинија дека Комисијата ги заштитува енергетските компании, наместо да се грижи за потрошувачите.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, во одбрана на работата на РКЕ - дека е во согласност со Законот за енергетика и со европските директиви. Тие ги потсетија подносителите дека ги игнорирале укажувањата на експертите оти цената на струјата неколкукратно ќе се зголеми со продажбата на ЕСМ дистрибуција.

Претседателот на РКЕ Димитар Петров рече дека интерпелацијата е неоснована, неаргументирана и не е поткрепена со факти. Меѓу другото, посочи на новите мрежни правила и тарифници за кои основите се во Договорот за основање на Енергетската заедница, со кој европското законодавство станува дел од македонското и мора да се транспонира во областа на енергетиката.

Сподели